Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНК обвини за неоправдани откази во образованието

СОНК обвини за неоправдани откази во образованието

Самостојниот синдикат на образованието и културата обвини дека нема доволен степен на соработка со министерството и дека во голем број на образовни институции има неоправдани откази и ревашнизам, се бркаат просветни работници за на нивно место да се постават партиски кадри. 

„Јавно беше кажано дека договорите кои беа продолжени до 20.02 ќе се трансформираат од определено на неопределено време. Дојдовме до ситуација да бидеме извисени и покрај тоа што капацитетот на вработените е многу мал“, вели Емилија Филиповска – негователка

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков го повика министерството да ги испита случувањата, а на неговите синдикалци им понуди бесплатна правна помош.

„Ние како синдикат жестоко реагираме и апелираме до надлежните кои што ги предизвикуваат овие состојби, под итно да најдат решение, се разбира во рамки на законот“, вели Јаким Неделков  - претседател на СОНК

Претходно, професорите од Наставничкиот Пленум, го обвинија Синдикатот за лажно херојство. Велат дека токму СОНК одиграл клучна улога во создавањето на овој системски проблем.

„Повторна манипулација од страна на Синдикалната организација, бидејќи во 2015-та година кога беа одземени правата на „непогодните“ професори, а беа донесени партиски послушници, СОНК не се стави во нивна заштита“, вели Сузана Тахир – Наставнички Пленум 

И СОНК и Наставничкиот Пленум се дел од работната група за реформи на Министерството за образование.  По заедничкиот состанок, од Министерството најавија дека проблемот ќе се решава преку давање согласности за трајно вработување.


Слично

Поврзани вести