СОНК НАЈАВУВА И ШТРАЈК АКО НЕ СЕ УСОГЛАСАТ ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО - ССМ жестоко го нападна: Наместо да кука, да си ја заврши работата за која е избран
Масовен јавен протест или генерален штрајк на вработените во образованието, најави претседателот на СОНК Јаким Неделков на денешната прес конференција.
Протестот ќе се активира доколку надлежните институции, Владата и Министерството за труд и социјална политика не ги прифатат барањата на синдикатите за усогласување на платите на вработените во образовната дејност.
Неделков алармира дека со покачувањето на минималната плата 10 различни работни позиции во градинките ќе земаат иста плата и покрај тоа што имаат различен степен на сложеност на работата.
„Во основното образование пет работни позиции, а во средното образование четири работни позиции со различни коефициенти и различна сложеност на работа од први април ќе земаат минимална плата“, вели Неделков.
Тој најави дека последна шанса за договор е претстојниот состанок на Економско социјалниот совет во Владата кој ќе се одржи следната недела, а со кој ќе заседава премиерот Димитар Ковачевски. Ако преговорите не бидат успешни, голема е веројатноста дека просветните работници масовно ќе излезат на улица, додаваат од СОНК.
На ова пшресконференција на СОНК реагираа од ССМ.
Оттаму велат дека ССМ со своите активности обезбедиле највисока измена на минималната плата досега во вредност од 18.000 денари, за која како што велат „ниту Јаким Неделковски не верувал, иако е повеќе од 10 години на чело на СОНК и нема ништо направено за вработените во образованието“.
„Минималната плата изнесува 61,8 отсто од просечната плата, што досега не се случило, а обезбено е и понатамошно усогласување и скалесто зголемување на
платите и примена на членот 8 од Законот за минималната плата, кое во најголема
мера зависи од преговарачката способност и успешност на гранските синдикати, која за жал СОНК на чело со Јаким Неделковски признава дека ја нема, а
синдикатите здружени во ССМ заедно со ССМ одржаа повеќе од 30 средби со
институции, работодавачи и нивни организации и веќе преку колективните договори
ги зголемуваат платите на работниците согласно зголемувањето на минималната
плата“, се вели во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.
Во случајот на образованието, како што нагласуваат, тоа зависи од Јаким Неделковски како претседател на СОНК, кој, според ССМ, не треба да се вади на нив, туку прво треба да објасни зошто досега со неговиот потпис не им се зголемувале платите на работниците во образованието.
„Ако досега не го обезбедил зголемувањето, го повикуваме сега да си го обезбеди како право за работниците“, повикуваат од ССМ.
Натаму во целост го пренесуваме нивното соопштение.
„Работниците кои се во образованието треба да знаат дека биле манипилирани од СОНК и го повикуваме наместо да кука да си ја заврши работата за која е избран, а ако не е способен да ги заштити работниците во образованието ги повикуваме сите да дојдат во ССМ за да ги заштитиме од синдикалниците како Јаким Неделковски и да им ги зголемиме скалесто платите во нивната дејност.
Потсетуваме и укажуваме дека иако минимална плата од 15.194 денари за 2021 година, Претседателот на СОНК Јаким Неделков потпишал спогодба со која износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност на работни места изнесува 14.759 денари во бруто износ (10.000 денари нето износ – што е на ниво на минималната плата од 10.080 денари во 2018 година) што е многу помалку од минималната плата за тој период која изнесувала 22.146 бруто износ на минималната плата и така свесно дозволил одредена категорија на работници во образованието да бидат под минималната плата што е незаконски, а сите други да земат услогласување на палатите помало од зголемувањето на минималната плата поради тоа што пресметковната единица вредност е утврдена на понизок износ односно на 10.000 денари нето од износот на минималната плата од 15.194 денари за 2021 година.
Со ова претседателот Јаким ставил потпис на спогодба за усогласување на платите со промената на минималната плата согласно Колективниот договор која е спротивна на членот 8 од Законот за минималната плата и не го овозможил законското усогласување и со потписот на спогодбата тој лично овозможил да не се примени членот 8 од Законот за минималната плата на штета на огромен број на работници во образованието и членови на СОНК.
Јаким Неделковски како претседател на СОНК и досега со потпишувањето на таквите спогодби не обезбедил усогласување во висина на минималната плата односно со потпишување на спогодбата овозможил дел работници како основна плата да имаат и под минималната плата што е незаконски, па се вадел на законот, па не е јасно зошто истиот тој кој вака постапувал, а сега го обвинува и го повикува ССМ. Го потсетуваме дека борбата на Јаким Неделковски за повисоки плати во образованието не е со ССМ и работниците туку со надлежните министерства“, се вели во соопштениетоп од Сојузот на синдикатите на Македонија.
