СОНК го осуди нападот на наставничка од страна на мајка на ученик
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура СОНК најостро го осудува неодамнешниот физички напад врз наставничка во едно основно училиште во општина Аеродром.
„СОНК бара од надлежните органи експресно да го решат случајот и настанот да се третира како напад врз службено лице.
СОНК упатува барање до директорите на училиштата, локалните самоуправи (општините) и Министерството за образование и наука, во рамките на нивните надлежности, да обезбедат безбедни услови за работа на вработените во училиштата.
СОНК нуди бесплатна правна помош на секој негов член и воедно ја повикува колешката да го искористи своето статутарно право на правна помош и застапување пред надлежен суд“, објавија од синдикалната организација.
Мајка на ученик физички нападнала учителка на родителска средба во основно училиште на подрачјето на Општина Аеродром.
Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје, инаку мајка на ученик, физички ја нападнала К.К.Л..
Слично
