Економија, финансии, бизнис

Контакт

Соништата на Маск паднаа во вода: Белата куќа го блокира проектот на векот

Соништата на Маск паднаа во вода: Белата куќа го блокира проектот на векот

Илон Маск сепак не доби дозвола за изградба на својот мега-брз тунел помеѓу Њујорк и Вашингтон.

Кон крајот на јули, Маск на својот твитер профил напиша дека добил „усна дозвола од владата“ за изградба на тој амбициозен проект. Меѓутоа, советникот на Белата куќа во едно интервју открил дека веројатно се работи за недоразбирање како и дека Маск не добил никакво усно зелено светло.

Никој уште од компанијата на Маск "The Boring Company" не сакал да го коментира објавеното, но медиумите веруваат дека договорот околу изградбата на Hyperloop бил големо недоразбирање.

Официјалната дозвола за изградба на инфраструктура за Hyperloop требало да помине низ повеќе нивоа на власта. Накратко, едно усно зелено светло сигурно не е доволно за изградба на еден таков систем за масовен јавен превоз.



(Foto: Getty images)

Слично

Поврзани вести