Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНЧЕВО, ТОПЛО И СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, какво време на очекува денес и следните денови

СОНЧЕВО, ТОПЛО И СО ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, какво време на очекува денес и следните денови

Претпладне сончево, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. 

- Денес попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата од денес до вторник ќе биде во благо опаѓање, а од четврток ќе бележи позначителен пораст - велат од УХМР.

За попладневните часови се очекува умерен до засилен северен ветер, сепак, во текот на денот температурите ќе се искачат високо, а и ув зраците ќе бидат меѓу повисоките, односно 8.

Температурите денеска ќе достигнат максимални 38 степени на југот од земјата. Во главниот град се очекува највисока температура од 34 степени целзиусови. 

Температурите ќе бидат во сличен интервал и во следните денови. 

Слично

Поврзани вести