Сончево со услови за дожд: Каде ќе има врнежи оваа среда?
Час сонце, час облаци, подоцна ветер и дожд предвидуваат синоптичарите за денешниот ден.
Според нив не очекува сончево и топло време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од западен правец. Попладне се очекува изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи во северните и југозападните делови од земјата.
Максималните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 16 до 30 степени целзиусови.
За во наредните денови според управата за хидрометеоролошки работи ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат за време на викендот.
Слично
