Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНЧЕВО СО УМЕРЕН ВЕТЕР - Еве какво време не очекува до крајот на следната недела

СОНЧЕВО СО УМЕРЕН ВЕТЕР - Еве какво време не очекува до крајот на следната недела

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Ова го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

Слично

Поврзани вести