Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сончево и топло: Попладне дожд и грмежи

Сончево и топло: Попладне дожд и грмежи

За последниот ден од оваа недела синоптичарите предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност.

Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Дневните температури на воздухот ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени, што претставува благ пад на дневните температури.

До вторник (27.08.) во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Од среда времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Слично

Поврзани вести