Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Денеска не очекува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. 

Во текот на попладневните часови синоптичарите најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Од УХМР предупредуваат дека од денеска под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

Еве ја најавата за следните три дена.

Слично

Поврзани вести