СОНЧЕВО И ТОПЛО, НО ПОПЛАДНЕ СЕ ОЧЕКУВА ПОРОЕН ДОЖД - и во следните денови не очекува променилво време
Ранолетните температури, слични на оние кои ги имавме во изминатиов период ќе се задржат и во текот на денешниот ден.
Синоптичарите најавуваат сончево време со појава на умерена локална облачност, а повремено ќе засилува и ветерот од западен и од југозападен правец, особено во западните предели.
Сепак денеска се очекува да започне промената на времето, но особено ќе се почуствува од утре и во деновите потоа. Поточно, во попладневните часови ќе се создаваат услови за изолиран развој на грмотевични облачни јадра од кои се очекува појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
И во Скопје и околината денес ќе се задржат рано – летните температури на воздухот, а во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.
