Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНЧЕВО И ТОПЛО, НО ОД ДОЖДОТ СЕ УШТЕ НЕ СМЕ СЕ СПАСИЛЕ - еве какво ќе биде времето денеска и следните денови

СОНЧЕВО И ТОПЛО, НО ОД ДОЖДОТ СЕ УШТЕ НЕ СМЕ СЕ СПАСИЛЕ - еве какво ќе биде времето денеска и следните денови

Денеска не очекува слично време како и вчера, претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. 
Синоптичарите најавуваат и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, објави Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во текот на следните денови пак се очекуваат пообични врнежи и невреме. 

- Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. 

За време на викендот времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо - се посочува во објавата на УХМР. 


Слично

Поврзани вести