Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОНЧЕВО И ТОПЛО И ДЕНЕСКА, ОД ВТОРНИК ИНТЕНЗИВЕН ПОРОЕН ДОЖД - УХМР најавува голема промена

СОНЧЕВО И ТОПЛО И ДЕНЕСКА, ОД ВТОРНИК ИНТЕНЗИВЕН ПОРОЕН ДОЖД - УХМР најавува голема промена

Празничниот ден не очекува генерално сонце, но во попладневните часови синоптичарите најавуваат наоблачување и краткотраен дожд. 

- Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност - соопштуваат од УХМР. 

Поголема промена на времето ќе настане од понеделник, за кога метеоролозите најавуваат претежно променливо облачно со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. 

- Попладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд, наместа пороен проследен со грмежи и засилен ветер - нагласуваат од УХМР. 

Температурата во понеделник ќе биде малку пониска од деновиве и ќе се движи од 13 до 21 степен наутро, додека максималната ќе се искачи од 23 до 29 степени. 

Во вторник и понатаму променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 30л/м2), силен ветер и град.

Температурите ќе бидат во сличен интервал. 


Слично

Поврзани вести