СОНЧЕВО И ТОПЛО И ДЕНЕСКА, ОД УТРЕ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО - невообичаено високите температури остануваат и следните денови
И денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Синоптичарите најавуваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени целзиусови, додека пак во текот на денот максималните ќе се движат од 24 до 34 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, топло и сончево ќе биде и во Скопје, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурата во главниот град ќе се движи од 16 степени наутро, до 33 степени во текот на денот.
Во текот на утрешниот ден, не очекува исто така сончево и топло време, но со поголема облачност.
Веќе од среда и четврток можни се промени на времето, особено во попладневните часови, за кога синоптичарите велат дека можно е невреме со дожд и грмотевици.
Сепак, температурите и понатаму ќе се двиќат до истиот интервал, односно над 30 степени.

