СОНЧЕВО И ТОПЛО ДЕНЕС И ВИКЕНДОВ, нестабилност и поројни дождови на одредени места во попладневните и вечерните часови
И денеска не очекува топло време. Како што најавува УХМР, во текот на претпладневните часови ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Веќе во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.
Максималните температури денеска се очеквуа да се искачат до 38 степени, УВ зраците ќе достигнат високи 8. Во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до 36 степени.
И во текот на викендот не очекува топло време. Претпладне исто така сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Температурите и УВ зрачењето ќе бидат во сличен интервал.
Во недела не очекува слично време, со миинимална температура од 12°C до 21°C, додека максимална температура од 30°C до 37°C, со УВ=9.
