Сончево и многу топло: Попладне на некои места дожд
Доколку излегувате на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носете наочари за сонце и шапка за да се заштитите од сонцето, бидејќи според синоптичарите и денес ќе биде многу висок УВ индексот.
Временската прогноза на средината од работната недела ни носи сонце и многу топло време со мала до умерена облачност .
Попладне на места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Според метеоролозите дожд се очекува во северните, северозападните и источните делови од земјава.
УВ индексот ќе изнесува 9.
Дневните температури на воздухот во земјава ќе се движат во интервал од 29 до 40 степени целзусови. Најтопло ќе биде во Демир Хисар.
Според УХМР Целата територија ќе биде во жолта фаза со температури до 40 степен.
До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме.
Потоа следува период на сончево и топло време.
