СОНЧЕВ ВИКЕНД СО МОЖЕН ДОЖД - температурите како во лето, од понеделник ќе им пообилни врнежи, еве ги деталите
Денеска не очекува уште едлен сончев и топол ден со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеролошки работи.
Сепак, во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека максималните ќе се искачат над 30 степени и ќе достигнат и до 35 во Гевгелија и Демир Капија.
И во текот на викендов, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.
Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
