Сончево со високи температури
Првиот ден од месец јули го започнуваме со високи температури.
За првиот ден од работната недела метеоролозите предвидуваат сончево време со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.
Дневните температури на воздухот во земјава ќе се движат од 27 до 36 степени целзиусови.
Најтопло се очекува да биде во Гевгелија.
Под влијание на топол бран од денес следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени.
Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
Слично
