СОНЦЕ, ДОЖД, ГРМОТЕВИЦИ И СИЛЕН ВЕТЕР, променливото време ќе се задржи до средината на следната недела
Денеска не очекува прoменливо облачно и нестабилно време, со повремен пороен дожд и грмежи. Локално, особено попладне ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ зраците ќе достигнат 6.
Слично време не очекува и во текот на утрешниот ден од викендот. Прoменливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ=5, а вакво време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
- До средината на следната седмица подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 литри на м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат - најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

