Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЛУНСКИ СУДИИ ОДЛУЧУВААТ: Ќе ги екстрадираат ли Грујевски и Бошковски дома?

СОЛУНСКИ СУДИИ ОДЛУЧУВААТ: Ќе ги екстрадираат ли Грујевски и Бошковски дома?

Двајцата „бегалци“ Горан Грујевски и Никола Бошковски денес ќе биде одлучено дали ќе бидат екстрадирани во Македонија.

Солунските судови треба да се произнесат за барањето за екстрадиција на екс тајните агенти кои во моментов се наоѓаат во екстрадициски притвор во грчките затвори.


Од одбраната на двајцата разузнавачи велат дека барањето за екстрадиција е неосновано и дека ќе бидат доставени докумнети за тоа тврдење.

Петар Василев, адвокатот на Горан Грујевски и Никола Бошковски вели дека очекуваат судот во Солун да го одбие барањето за екстрадиција.

Грујевски и Бошковски во рацете на грчката полиција паднаа на 18 октомври кога се обидоа да заминат со авион за Будимпешта но со лажни бугарски пасоши.

И двајцата се гонат од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.

Слично

Поврзани вести