СОЛУН ДЕНЕС ГО СОБИРА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Што ќе се дискутира на конференцијата на која ќе оди Димитров?
Солун денеска ќе биде домаќин на конференција за регионот на која ќе учествуваат Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ, како и Косово, и Словенија но и нашата земја.
Претставник од Македонија ќе биде Никола Димитров како заменик претседател на владата задолжен за европски прашања.
Според најавата, Конференцијата е со тема за иднината на Западен Балкан во ЕУ, а ја организира алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис.
На дискусијата која е од затворен карактер би требало да се зборува за „ставовите на земјите и граѓаните од Западен Балкан и ЕУ во однос на иднината на Европа“.
Слично
