Економија, финансии, бизнис

Контакт

Солидна излезност до 17 часот, но послабо во однос на претходните локални

Солидна излезност до 17 часот, но послабо во однос на претходните локални

Според информациите од Државната изборна комисија за направениот пресек до 17 часот на локалните избори во Република Македонија правото на глас го оствариле 49,14 проценти на целата територија.

Излезноста на гласањето до 17 часот на територија на Град Скопје излезноста е 50,58 проценти.

Највисока излезност на ниво на Македонија е во Вевчани 72,05 проценти, а највисока во скопските општини е регистрирана во Гази Баба 58,02 проценти. Најниско на ниво на Република македонија е во општина Маврово-Ростуше со 31,19 проценти, а најниска на ниво на Скопје во Шуто Оризари 33,83.

Според досегашната динамика на излезност на гласачите одзивот е помал во споредба со гласањето на локалните избори во 2013, но повеќе детали ќе бидат познати во последниот пресек што ќе го направи ДИК, а официјални информации ќе соопшти во 20 часот.


Слично

Поврзани вести