Солана за Рамковниот: Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но и за мене
Поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, во рамки на своето видео обраќање на конференцијата „По Охрид“ по повод 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор и посака среќа на Македонија.
Тој се надева дека наскоро Македонија ќе ги почне преговорите.
„Тој договор значеше многу за вас и вашиот народ, но, исто така, е многу важен и за мене. Тоа беше почетокот на едно патешествие на соработка помеѓу различни народи од земјата“, изјави Солана.
Вели дека ќе остане многу добар пријател на нашата земја и дека доколку е потребно нешто, да го контактираат.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети спомена дека пред 20 години поделбата на Македонија била на маса.
Слично
