НЕВЕРНИ ДРУГАРИ: Пратениците на Ѕинго не се согласија со ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците од Социјалистичката партија на Љубисав Ѕинго денеска го потпомогнаа владејачкото мнозинство да обезбеди кворум на пленарната седница. Пратениците Љупчо Димовски и пратеничката Владанка Авировиќ останаа во собраниската сала, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија.
Димовски и Авировиќ постапија спротивно на одлуките на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците во Собрание секој пат кога владејачкото мнозинство не може да обезбеди кворум од 61 пратеник.
Ова е втор случај во којшто СПМ во Собрание не ги поддржува одлуките на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
