Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софијанова сменета од директорската функција, следат промени во 33 здравствени установи

Софијанова сменета од директорската функција, следат промени во 33 здравствени установи

Аспазија Софијанова повеќе нема да ја извршува директорската функција во клиниката за детски болести во Скопје. Со одлука на влада на нејзино место ќе биде поставена докторката Катерина Ставриќ. Ова е уште една смена на раководно место на државните клиники, а промени се очекуваат и на пулмологија, хематологија, психијатрија и клиниката за белодробни заболувања кај децата во Скопје меѓу другите.

Од министерството за здравство информираат дека кадровските смени ќе продолжат до крајот на неделава кога и останатите  здравствени установи ќе добијат нови директори. 

„Ги работиме документите, не ги знам сите напамет да ги соопштам, но денес ќе назначиме директори на 33 здравствени установи и утре ќе продолжиме со другите и до крајот на неделата ќе ги направиме сите промени. “ вели Гоце Чакаровски – заменик министер за здравство

Засега во директорските фотељи на клиниките остануваат само кадрите од  ДУИ.

Главните причини за смена на раководните позиции е да се постави нов кадар кој ќе ги следи новите политики на Министерството за здравство, а најавена е и ревизија на работењето на досегашните директори. 

Слично

Поврзани вести