Економија, финансии, бизнис

Контакт

Софијанова: Не знаев дека ме снимаат, сето тоа ми дојде некако зад грб

Софијанова: Не знаев дека ме снимаат, сето тоа ми дојде некако зад грб

Екс директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова впо гостување на Телма кажа дека не знаела дека новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу ја снима. 

Таа кажа дека отпосле сфатила дека ја снимиле. Вели дека сето тоа што ги видела документите со нејзини лични податоци, нејзе ѝ дошло зад грб. Софијанова кажа дека открила од каде документите се нашле во рацете на новинарот. За документите рече дека новинарот ги добил на незаконски начин. 

„Таа реакција беше изнудена кај мене, а прст му покажувам само на мојот внук“, рече Софијанова. 

Инаку, Софијанова повтори дека земала нешто што ја следува со знаењето, искуството кое го има и работата која ја врши. 

„Ако сакав пари, ако бев тој тип на човек досега ќе отидев некаде“, рече Софијанова. 

Кажа дека имала понуди да работи на друго место за повисока плата, но вели Клиниката за детски болести е нејзин живот. 

Слично

Поврзани вести