Софијанова: Јас имам морал во себе, дали е ова добро или лошо ќе покаже времето
Јас имам морал во себе, дали е ова добро или лошо ќе покаже времето, вели екс директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова во гостувањето на Телма, за оставката која ја поднесе откако Клан Тв објави прилог и ја обвини дека правела злоупотреби со дежурствата.
Вели дека во периодот на короната не ни била на пат, туку сега била на едно патување, за кое како што вели се крена прашина. Софијанова рече дека во два мандати имала направено четири реорганизации на клиниката.
„Нема да се пожалам во делот кој го добивавме од Фондот за здравствено осигурување, бидејќи буџетот беше релативно солиден“, рече таа.
За градежниот момент им се заблагодари на сите донатори, ги спомена Макстил и Тика.
За коефициентот за дежурствата рече дека претходно успеале да го покачат за луѓето кои работат на интензивна. Вели дека тоа е многу сложена работа.
„Брутото и нетото не се исти. Вкупно во месецот јас сум имала 2-3 или некогаш и 4 дежурства“, рече Софијанова.
Кажа дека административната служба го води бројот на дежурства. Вели дека не можела да си допише дежурства плус, а патувањето во Словенија било за доусовршување. Во тој период имала координација, а четири деца биле префрлени на лекување надвор од државата. Софијанова кажа дека секоја година имаат ревизија. Во однос на новинарите кажа дека секогаш била транспарентна и така ќе остане. За новинарот од Тв Клан, Фуркан Салиу кажа дека добил документи на кои имало нејзини лични податоци, што ја шокирало и вели дека народот бил доведен во заблуда.
„Никој не сакал да краде, тоа е чисто административна грешка“, кажа Софијанова за вишокот кој бил исплатен, но таа го вратила назад.
За ова вели дека не е нејзина грешка, туку се работи за административна грешка.
