Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОФИЈА СО СТАВ: Уставните измени не се единствен услов за Maкедонија

СОФИЈА СО СТАВ: Уставните измени не се единствен услов за Maкедонија

Уставните измени не се единствен услов за Maкедонија за членството во Европската Унија(ЕУ), велат од официјална Софија. 

Шефицата на бугарската дипломатија, Марија Габриел појаснува дека Бугарија нема да дозволи попуштање во обврските кои треба да ги исполни државава на патот кон ЕУ.

„Ние имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание… Бугарија има многу јасна позиција пред целата Европска Унија. Ние сме земја членка и како такви со нашите барања до РСМ порачуваме дека кога сакаш да бидеш членка на Европската Унија мора да ги исполниш обврските што самиот си ги презел“, вели Габриел. 

Но, министерот за надворешни работи, Бујар Османи пак, вели дека преговарачката рамка е гаранција дека уставните измени се единствен услов за Македонија. За вицепремиерот Бојан Маричиќ, изјавата на Габриел била политички став. Кажа дека договорот за добрососедство и протоколите не се обврска од кои зависи отворањето на поглавјата.

„Уставните измени што треба да бидат донесени во македонското Собрание се единствен услов за да се отвори кластерот“, објасни вицепремиерот Бојан Маричиќ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ не ја исклучуваат можноста дека ќе има ново вето од Бугарија. 

Македонија не ги почна преговорите со ЕУ. Но, Украина и Молдавија стартуваа со преговори. Грузија стана земја кандидат. 

Слично

Поврзани вести