Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за патувањето на семејството на Мицкоски
Софија негира дека од неа протекла дипломатската нота за „патувањето во Пампорово“ на семејството на премиерот Христијан Мицкоски.
„Информациите што циркулираат во јавноста во последните денови се однесуваат на вербална нота од 6 јануари 2026 година и се однесуваат на настани од далечното минато. Во моментов, оваа информација не може да се сфати како основа за заклучоци дека постои непосредна опасност за безбедноста на граѓаните на Бугарија или друга земја. Министерството за надворешни работи придава големо значење на заштитата на дипломатската кореспонденција и строго ги почитува утврдените меѓународни правила и практики во оваа област“, изјави Министерството за надворешни работи, цитирано од бугарската бТВ.
Фотографија од документ презентиран како дипломатска нота од Амбасадата на Македонија во Софија прикажува дека се бара обезбедување транспортен коридор за сопругата и синот на Мицкоски, кои патуваа во Пампорово на почетокот на годината, и „доколку е можно, полициска придружба за целиот престој на гостите“.
Мицкоски кажа дека за ова ќе го извести и НАТО.
Во Министерството за надворешни работи го повикале бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков за случајот.
