СОФИЈА И СКОПЈЕ ЈА МЕНУВААТ РЕТОРИКАТА: По говорот на омраза време е да се види „Братската љубов“
Во политиката нема чуда и процесите најчесто зависат од ефикасната имплементација на политичкото „тројство“ – лидерство, визија и дијалог. Македонија очигледно изминатите години играше на погрешна карта – „времето работи за нас“ како во однос на разликите со Грција околу името така и во релациите со Бугарија. За Нацрт-договорот кој го усогласиле министрите за надворешни работи Никола Димитров и Екатерина Захариев веќе е запознаена македонската Влада, а се очекува наскоро да бидат информирани и пратениците. Во јавноста се уште не се откриваат детали од документот кој се очекува да биде потпишан на 2 август, но она што е познато е дека македонската страна во разговроите на експертските тимови инсистирала да отпадне еден, за Бугарија важен текст од Декларацијата од 1999 година, кој всушност треба да биде основа на новиот меѓудржавен договор.
Тој дел гласи, дека „ништо од македонскиот устав не може и не треба да биде основа за мешање во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита на статусот и правата на лица кои не се граѓани на Македонија“. Извори за Фактор брифираат дека со Договорот не се загрозува националниот, јазичен и културен идентитет на Македонија. Бугарскиот универзитетски професор по европски студии Димитар Бечев е еден од оние кој ја поддржа бугарско-македонската петиција според која улица во Софија би се именувала по претседателот, Борис Трајковски, а во Скопје една улица би го добила името на поранешниот бугарски претседател, Жељу Желев.

Николаи Палашев доктор по политички науки на софискиот универзитет, чие родно потекло е од велешко, со внимателност предупредува дека најавеното потпипшување на Договорот за добрососедство и соработка, нема по автоматизам да ги релативизира критиките во бугарската и македонската јавност и разликите меѓу лингвистите и историчарите од дветете страни.

Поранешниот македонски амбасадор во Софија Ѓорги Спасов вели дека потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, врз основа на Декларацијата од 1999 година, е од голема важност за двете земји. Според него , за Македонија која со години беше ставена во чекалната за влез во НАТО и во ЕУ тоа значи храбар исчекор во насока на подобрување на односите со еден сосед и земја која е членка на ЕУ и на НАТО.

Професорот Тодор Чепреганов кој е еден од најистакнатите историчари, проучувач и истражувач на светските архиви за настани од 19 и 20 во интервју за Фактор во однос на прославуавњето на заеднички историски настани и личности оцени:

Во недостиг на детали од она што двете страни го имаат усогласено се наметува прашањето дали Договорот може да биде „win-win“ позиција или постојано ќе преовладува впечатокот дека една од страните е губитник.
„Незадоволни ќе има од двете страни. Но тоа е суштината на компромисот. Исчекор со кој двете страни добиваат по нешто и остануваат незадоволни со нешто. Македонија со Договорот ја манифестира својата самодоверба. Ја напушта политиката на уплашеност од негирање и исчекорува храбро во насока на градење односи со соседите и пријателство кое треба да биде основа за наше целосно интегрирање со нив во ЕУ врз основа на почитување на европското право и европските вредности. Тоа беше можно да се случи со промената на власта во Македонија во време кога во Бугарија е на власт десницата на чело со Бојко Борисов. Бугарската десница од времето на Жељу Желев, преку Иван Костов до Бојко Борисов, имала секогаш по фер однос од БСП, кон Македонија и секогаш, кога таа била на власт, биле унапредувани односите. За разлика од БСП која, за жал останува на политиката на Тодор Живков, од страв да не биде обвинета за некакво национално предавство во односите со Македонија, ГЕРБ нема такви стравувања и го прави компромисот можен. Во Македонија до промената на власта, Груевски лично го блокираше подобрувањето на односите со Бугарија со својот „квазипатриотизам„ и со работење во интерес на некакви нејасни српско-руски интереси на Балканот, кои отворено се противат на членството на Македонија во НАТО“, коментира Спасов.
Бугарија и Македонија се согласни дека од исклучителна важноста е да се поврзат со магистрален пат и железничка линија Софија – Скопје. Но фактите говорат дека со секоја промена на власта се најавува изградбата на Коридорот 8 и железничката пруга, но на крајот намерите остануваа само на хартија.
По вревата што за време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ се крена поради говорот на омраза од двете земји, добро е сега да се види говорот на „љубов“, меѓусебна почит и поддршка што на Македонија и е потребна. Бугарија не само како сосед туку и како земја претседавач со ЕУ и децнискиот застој во можното членство во НАТО, за што стожерните политички критериуми се во политиките на добрососедство и решавање на отворените билатерални прашања.
Горазд Чомовски
