СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ-ОПАСНА “ИГРАЧКА“: Договориле средба зад екраните, кога се сретнале се обидел да ја силува
Страшен обид за силување во екот на експанзијата на социјалните мрежи.
Имено, дваесет и седумгодишна велешанка вчера во полиција пријавила дека прилепчанец на возраст од 31 година се обидел да ја силува. Како што кажала во полиција, двајцата претходно оствариле комуникација на социјалните мрежи и договориле средба во Велес.
Со автомобилот на прилепчанецот отишле на костурницата во Велес каде што тој се обидел да ја ја присили на сексуален однос. Откако го одбила, тој почнал да ја удира. Девојката паднала во безсознание, по што напаѓачот ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец.
Слично
