Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАTA ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Кој е Душко Томимшиќ?

СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАTA ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА: Кој е Душко Томимшиќ?

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) доби ново раководство – дипломираниот социјален работник Душан Томишиќ е избран за нов претседател на институцијата, информираа од Комисијата.

Изборот е направен согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, по принцип на ротирање на претседателското место. За заменик-претседател е избран членот Зекир Абдулов.

„Новиот претседател функцијата ја презеде од досегашниот Лимко Бејзароски во колегијална и конструктивна атмосфера, со взаемна почит и соработка. Комисијата му изразува благодарност на Бејзароски за неговата посветеност и придонес во унапредување на независноста и видливоста на институцијата. Во истиот дух на партнерство и заедничка визија, Комисијата продолжува со својата мисија – унапредување на еднаквоста и заштита на достоинството на сите граѓани“, се наведува во соопштението.

Професионално искуство


Душан Томишиќ е социјален работник со долга кариера во областа на заштита на најранливите категории граѓани. Во текот на својата кариера ги поминал сите скалила во Министерството за труд и социјална политика.

Неговиот заменик, Зекир Абдулов, својата кариера ја градел во невладиниот сектор, фокусирајќи се на заштита на правата на Ромите во Македонија. Пред да стане член на КСЗД, бил советник на вицепремиерот во Владата, а претходно и независен член на Советот на Општина Делчево.

Фото: Комисија за спречување и заштита од дискриминација/Фејсбук

Слично

Поврзани вести