Економија, финансии, бизнис

Контакт

Социјалдемократите во ЕП: Да го поканат Скопје да започне преговори со ЕУ

Социјалдемократите во ЕП: Да го поканат Скопје да започне преговори со ЕУ

Шефот на Социјалдемократската група во Европарламентот, Удо Булман изјави дека лидерите на Европската Унија на Самитот на ЕУ закажан на 28 и 29 јуни треба да дадат зелено светло за почеток на преговори со Македонија.

Социјалдемократската група ги повикува сите земји членки да докажат дека тие кои носат тешки одлуки и компромиси се наградени и да го поканат Скопје да започне преговори со ЕУ на 28 и 29 јуни.

„Денешниот успех е доказ дека прогресивните политички сили се способни да решат долгогодишни спорови и да прават тешки компромиси, кои националистичките конзервативни сили не успеаја да го направат повеќе од 25 години. Ги поздравувам премиерот Заев и Ципрас за овој историски договор, исто како и народот на Северна Македонија за пристигнување пред вратите на членство во ЕУ и НАТО“- вели Булман.

Тој ги повика политичките сили во двете држави да ја искористат приликата и да докажат дека иднината на нивната земја и на добрососедските односи се поважни од краткорочните победи во анкетите.

Слично

Поврзани вести