Социјалдемократите се простуваат од д-р Стојче Ковачески од Струга - поранешен пратеник во Собранието од 1991 година
Вчера почина поранешниот пратеник од Струга, Стојче Ковачевски.
Голем број социјалдемократи се простуваат од него преку свои објави на социјалната мрежа фејсбук.
Меѓу нив и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Засекогаш замина нашиот другар, нашиот соборец социјалдемократ, доктор по интерна медицина и поранешен пратеник Стојче Ковачевски од Струга. Споменот на овој прекрасен човек засекогаш ќе остане во нас. Неговата чесност, принципиелност, праведност и преданост го правеа посебна личност во политиката. Сочувство до семејството!“, напиша Шекеринска на Фејсбук.
Слично
