Социјалдемократите ќе бираат наследник на Заев, во ВМРО-ПМНЕ единствен кандидат е Мицкоски
СДСМ денеска избира наследник на Зоран Заев, а ВМРО-ДПМНЕ пак ќе го бира актуелниот лидер Христијан Мицкоски, кој е единствен кандидат.
Двете најголеми партии во земјава денеска ќе избираат нови лидери. Околу 60 илјади активни членови на СДСМ ќе го изберат петтиот лидер од 1992 година досега. Во трката влегоа тројца кандидати, Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, за денеска го закажа 17-от Конгрес. Од партијата најавија усвојување на нови политики и стартегија и сериозно кадровско освежување на раководсните тела на ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
