СОБРАНИТЕ ПАРИ ЗА ЛЕО ВЕЌЕ СЕ ПРЕДАДЕНИ НА НЕГОВАТА ТЕТКА: И бубамарата ќе оди кај него, да го потсетува дека не е сам, досега само од донации собрани 80 илјади евра, велат од ДНК
Собраните средства од хуманата лицитација заедно со златната бубамара, денес вчера предадени на тетката на Лео. Господинот Кирче Митрески беше категоричен и не замоли “бубамарата” да стигне кај Лео, се со цел да го потсетува дека не е сам, објави вчера попладне групата ДНК.
„Досега само од донации (не се искалкулирани телефонските донации) се собрани околу 80.000 евра, и се надеваме дека со нив ќе ја затвориме сумата која е потребна за неговото лекување во Австрија. Тука нема да застанеме, и заедно со сите вас ќе застанеме до Лео и неговата фамилија, со што ќе докажеме дека сме сплотени кога е најпотребно. Во име на Лео и неговата фамилија, Фала ви од срце“ се вели во фејсбук статусот.
Слично
