Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собраниското обезбедување спречило инцидент помеѓу Апасиев и Ристески

Собраниското обезбедување спречило инцидент помеѓу Апасиев и Ристески

Изразената нетрпеливост помеѓу двајцата пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ - Димитар Апасиев и Петар Ристески денеска повторно дошла до израз во Собранието.

Во ходниците од Собранието дошло прво до вербална расправа помеѓу лидерот на Левица и пратеникот од Прилеп, кој е познат во јавноста уште под надимакот „Пеката“ и по тоа што ги добива едни од најголемите исплати за патни трошоци.

Според очевидци, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ му замерил на претседателот на Левица дека му ги објавуваат патните трошоци и почнал со навреди на лична основа, на што бурно реагирал пратеникот од Левица.

Како што дознава „Локално“, реагирало и собраниското обезбедување.

Апасиев веќе има неколку инциденти зад себе со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Слично

Поврзани вести