СОБРАНИСКИОТ ИНЦИДЕНТ СТИГНА И ВО ХРВАТСКИТЕ МЕДИУМИ - Индекс: Пратеник фрлаше шишиња и шољи, настрадаа тројца опозициски народни избраници
Инцидентот во Собранието вчера стигна и во хрватските медиуми. Тие го објавуваат видеото, со наслов на текстот „Пратеник во парламентот фрлаше шишиња и шољи“, нагласувајќи во текстот дека биле повредени тројца опозициски народни избраници.
Еве што пишува Индекс.хр.
„Денеска дошло до физички конфликт во парламентот на Северна Македонија. Арбер Адеми, член на владејачката коалиција СДСМ-ДУИ, физички ги нападна пратениците од опозицијата и ги фрлааше со шолји за кафе и шишиња со вода.
Инцидентот се случи за време на дебата за правосудниот систем. Тројца опозициски пратеници беа повредени за време на инцидентот: Еден се здоби со повреди на главата, а двајца со повреди на раката.
Понижување, насилство и навреди во парламентот, Македонија наместо Европа стана див запад со каубојци на власт“, напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на Фејсбук.
