СОБРАНИСКИ СЕДНИЦИ: Пратенците повторно ќе расправаат за продолжување на породилното остсутво
Комисијата за труд и социјална политика во Собранието денеска ќе расправа за точка на дневниот ред која се однесува на Предлог на Закон за изменување на Законот за работните односи во прво читање.
Овој предлог кој беше вратен на доработка кај граѓанската иницијатива поради поравни пречки, е поднесе повторно од пратеничките Нола Исмајлоска и Магдалена Манаскова од ВМРО ДПМНЕ.
Двете пратенички во најавата дека ќе поднесат предлог закон за измени, велат дека тој е идентичен закон со граѓанската иницијатива која што беше поднесена и потпишана од 217 мајки до Собранието
„Нашата цел не е да ја превземеме граѓанската иницијатива, туку преку овие законски измени да ја забрзаме постапката и да им помогнеме на мајките кои што одново треба да ја повторуваат целата постапка која што ќе трае подолго време и повторно да ја поднесат иницијативата до Собранието на Република Македонија“, рече пред неколку дена Исмајлоска.
Партијата на власт пак е на став дека тие ќе ги поддржат мајките работнички и ќе донесат низа законски измени со кои ќе им ја подобрат состојбата, нешто што ВМРО ДПМНЕ имале можност, а не го сториле тоа во изминатите години на владеење.
Имено, за денес во Собранието се најавени седници на пет собраниски комисии.
Ќе расправаат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за политички систем и односи меѓу заедниците и за надворешна политика.
Предлогот кој се однесува на оваа иницијатива е породолното отсуство да се продолжи од 9 на 12 месеци за мајките кои ќе родат по едно дете, а за оние кои ќе родат близнаци или повеќе деца, породолното да трае 18 месеци.
