СОБРАНИСКИ ПРЕТСТАВИ ЧЕТВРТ ДЕН: Димовски ја споредува Туфегџиќ со Сорос
Продолжува циркусот во Собранието.
Обвинувања за неодговорност и опструкции си разменуваат двете вечни ривалски партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ ја спореди пратеничката на СДСМ со милијардерот Сорос.
Илија Димовски во реплика упатена на Туфегџиќ вели дека во неа не го препознава гласот на иселените, нивните родители или сиромашните, туку гласот на Сорос.
Претходно Ивана Туфегџиќ која кажа дека ако викне со глас на иселените, нивните родители или сиромашните, озвучувањето во Собранието ќе попушти.
Туфегџиќ зборуваше за одговорноста која ВМРО ДПМНЕ треба да ја има поради иселувањето на младите од земјата, на што Димовски возврати дека во Куманово и Струмица имало најголем број на иселени лица и со пасоши од други држави .
