Собраниската комисија едногласно за разрешување на Јанева
Сите 13 пратеници од собраниската Комисија за именување гласаа за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева за време на седницата која ја водеше Илија Димовски и траеше кратко зад затворени врати, прифаќајки го извештајот на Советот за јавни обвинители.
Одлуката е донесена без дискусија. Јанева се разрешува поради несовесно и нестручно раководење со СЈО. Седницата беше затворена за јавноста поради класифицираните податоци и важните информации кои ги содржеше извештајот.
Предлогот сега ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а истиот треба да се стави на дневен ред на пленарна седница.
Слично
