Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собраниска расправа за завршната сметка - Расипничко или домаќинско трошење на претходната власт?

Собраниска расправа за завршната сметка - Расипничко или домаќинско трошење на претходната власт?

Владата го скрои ребалансот на буџетот за годинава, но додека започне собраниската процедура за негово изгласување ќе треба да почека најпрво на расправата за завршната сметка од претходната година со што меѓу пратениците на власта и опозицијата се отвори дебата дали парите од буџетот биле домаќински или расипнички трошени.

За пратениците од власта завршната сметка го пресликува десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Преку неразвојни буџети се потрошиле 30 милијарди евра на граѓаните, посочија тие. Додека од опозициската ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека парите на граѓаните биле менаџирани домаќински, но и дека и покрај политичката криза сепак успеале да ја одржат економијата. 

„Македонија во изминатите три години се наоѓаше во тешка политичка криза. Тоа влијаеше во делот на странските и домашните инвестиции.“ - вели Крсто Муковски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оваа завршна сметка за 2016та година, затвораме еден лош период на десетгодишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ, каде во изминатите години се потрошени над 30 милијарди евра пари на граѓаните и државата е задолжена до 5-6 милијарди евра“ - вели Васко Ковачевски, СДСМ.

Во споредба со претходната година капиталните расходи во 2016 година се намалени за 10 отсто. Додека пак зголемени се трансферите за плати и надоместоци и тоа за 5 отсто. Трасферите пак до Фондот за пензиско осигурување бележат зголемување од 11 отсто. За ВМРО-ДПМНЕ аргументите дека добро се управувало со државната каса се повисоките плати и пензии и намалена стапка на невработеност. СДСМ пак возврати дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не ги реализирала капиталните инвестиции во предвидениот износ. 

„Капиталните расходи велите потфрлиле? Па нели го слушнавте вашиот министер за финансии кои ги намалува со предложениот ребаланс капиталните расходи зошто биле проектирани на високо ниво“ - вели Драган Цуклев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Бројки исти или просто кажано тапкање во место. 2015та пресликана во 2016та.“ - вели Сашко Поцков, СДСМ.

По завршната сметка за претходната година во Собранието ќе следи претрес за ребалансот на буџетот кој почнува следниот понеделник со расправа во матичната комисија. Се очекува претресот да трае дваесетина дена, а реабалнсот да биде донесен на почетокот од август. 

Извор: ТВ 24

Слично

Поврзани вести