Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието усвои нов закон за обновлива енергија

Собранието усвои нов закон за обновлива енергија

Собранието го усвои Законот за користење енергија од обновливи извори, со кој оваа област првпат се уредува со посебно законско решение.

Со новата рамка треба да се олесни развојот на производството на струја од сонце, ветер и други обновливи извори, како и да се создадат попредвидливи услови за инвестиции во енергетиката.

Законот предвидува механизми за поддршка на производителите, нето-мерење и нето-пресметка за домаќинства и компании, како и можност за формирање енергетски заедници. Преку нив граѓани, фирми и општини ќе можат заеднички да произведуваат, користат и продаваат електрична енергија.

Од Министерството за енергетика очекуваат законот да придонесе за поголемо користење домашни обновливи извори, помала зависност од увоз на енергија и подобро усогласување со европските енергетски правила.

Слично

Поврзани вести