Собранието тешко да се рапушти и денеска
Како што поминуваат деновите така се поизвесно станува дека Законодавниот дом нема да се распушти барем до најавениот 16-ти февруари.
Ова може да се заклучи од најавената агенда на Собранието кое ќе има полни раце работа и денес.
Во најава за денес се три собраниски комисии, комисиите за финансирање и буџет, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија а ќе се расправа за неколку предлог закони.
Вчера од опозицијата најавија можно напуштање на Парламентот, бидејќи Мицкоски кажа дека повеќе не гледа причина опозициските пратеници да учествуваат во работата на Собранието.
Тие бараат да се испочитува договореното и Собранието да се распушти на 12 февруари.
Од друга страна, владеачката партија сака да поминат законите кои ги имаат предвид па тогаш да се распуштат.
