Собранието спрема серијал „Вашиот пратеник“ – Ќе се снима во Собраниското студио, а ќе се плаќа и надворешна фирма за ко-продукција
Собранието ќе потроши 19.500 евра за монтажа на серијал „Вашиот пратеник“ – емисии од по 15 минути кои ќе се снимаат во Собраниското студио, со опремата на Законодавниот дом и со превод обезбеден од Собраниските служби.
За да се дојде до крајниот производ, се одлучило да биде склучен договор со друштвото за производство,трговија,услуги и културно-забавни активности АУРИПИГМЕНТ од Скопје, кое ќе треба да внесе графика која ќе ја добие како готов материјал, односно ќе треба да направи конверзија на материјалите, да ги спои снимените кадри, колор и аудио корекција и аудио и видео монтажа на веќе снимен и преведен материјал.

Договорот е потпишан на 30 јуни, од генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, а фирмата Аурипигмент била единствениот понудувач. Како основен предмет на јавната набавка е наведно „Рекреативни, културни и спортски услуги“.
Законодавниот дом пред две години почна со промени на работата на Собранискиот канал и го опремуваше студиото. На него се емитуваат вести, емисии, информации за Собранието, но и пленарни и комисиски седници во самостојна продукција на каналот.
Александар Тодески
