Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОБРАНИЕТО СО НАБИЕНА АГЕНДА: Чии оставки ќе се констатираат?

СОБРАНИЕТО СО НАБИЕНА АГЕНДА: Чии оставки ќе се констатираат?

Три седници се закажани денеска во Собранието.

На почетокот се очекува да бидат констатирани оставките на пратениците Васко Ковачевски, кој заминува на директоркото место во РЕК Битола и на Стево Пендаровски кој е избран за национален координатор на НАТО. На нивните пратенички места ќе дојдат Самка Ибраимовски и Далибор Богдановски.

Собраниска седница ќе има и за Дополнетиот предлог на Буџет за 2018 година, Предлог програмата за одбележување на јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2018, како и предлог-измените на Законот за пензиско и инвалидско осогурување по скратена постапка.

Пред пратениците денеска ќе се најдат и измените на Законот за употреба на македонскиот јазик во второ читање, како и за Предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на главен државен ревизор и за неколку законски измени од финансиската област, поднесени од пратеници од парламентарното мнозинство.

На дневен ред на 11. седница се измените на Законот за култура, на Законот за заштита од пуштењето, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и измените на Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Слично

Поврзани вести