Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието сепак ќе има само двајца потпретседатели - изборот падна на Мисовски и Зендели

Собранието сепак ќе има само двајца потпретседатели - изборот падна на Мисовски и Зендели

Владејачкото мнозинство.предложи Горан Мисовски од НСДП и Фадил Зендели од Беса да бидат потпретседатели на Собранието, кое за денеска закажа пленарна седница со оваа точка на дневен ред.

Мисовски и во претходниот состав беше на оваа функција, додека предлози нема од страна на ВМРО-ДПМНЕ, или пак од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Тоа значи дека парламентот ќе има само двајца потпретседатели како што стојат работите.

Спикерот Талат Џафери очекува денеска да биде утврдена и потребата за измени на Деловникот, со цел да се обезбеди можност за онлајн-учество на седниците на пратеници кои се во изолација.

Измените на Деловникот треба да се донесат по скратена постапка, а кабинетот на Џафери брифира дека сите пратеници од владеачкото мнозинство ќе бидат присутно, односно дека во меѓувреме оние кои биле позитивни на Ковид-19 и во изолација сега се вратени на работа.

Слично

Поврзани вести