Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието проработе среде претседателски избори, изгласани „законите на Иванов“

Собранието проработе среде претседателски избори, изгласани „законите на Иванов“

Законите кои претседателот Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише за да не стои под неговиот указ новото уставноп име денеска беа изгласани повторно во Собранието на Македонија на седница која беше закажана единствено за таа намена помеѓу двата изборни круга.

Меѓу вратените закано, повторно беа вратени и оние за централен регистар на население и за извршување на санкциите.

Пратениците ги изгласа и законите за електронско управување и електронски услуги. за услуги, за тутун, производи од тутун и сродни производи, за регистрирање на готовински плаќања, за државните награди, како и за ратификација на Договорот со Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Собранието овие Закони ги разгледуваше без дебата како закони во фаза на трето читање.

Сега шефот на државата е должен истите да ги потпише, но најверојатно тоа ќе го направи новиот претседател што ќе биде избран на 5 мај и ќе стапи на функција на 12 мај.

Иванов уште на 3 април го информираше Собранието дека истите нема да ги потпише.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, даде пауза од еден час, по што остануваат законите кои се вратени од Иванов, меѓу кои остануваат уште законите за практикантство, за спортот, за финансиска поддршка на инвестициите, за Владата, за Изборниот законик.


Слично

Поврзани вести