Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОБРАНИЕТО ПРЕД НОВА БЛОКАДА - ВМРО-ДПМНЕ не дава да помине законот за еколошка такса

СОБРАНИЕТО ПРЕД НОВА БЛОКАДА - ВМРО-ДПМНЕ не дава да помине законот за еколошка такса

Се најавува нова собраниска блокада. 

Станува збор за измените на Законот за животна средина, со кои Владата воведува еколошка такса од околу 3,5 денари по литар гориво, зависно од загадувањето што тие го носат.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ тоа е кризен данок, и затоа, како што велат, ќе го блокираат носењето на тој закон во Собранието. 

Кризниот данок којшто го воведува Зоран Заев за горивата и СДСМ од 4,13 денари директно им задира во џебот на граѓаните, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лично Зоран Заев со своите наметнати давачки од почетокот на мандатот, до сега, давачките за литар гориво им ги има зголемено за 14 денари по литар. Повторно ќе потенцирам, едно семејство со овие наметнати давачки за литар гориво директно од СДСМ месечно ако троши еден резервоар од 40тина литра во својот автомобил, давачките се покачени во просек за 600 денари по семејство. Македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, само за да го покријат задолжувањето и непродуктивните трошоци на оваа влада, а само во последната година бензините се кренаа од 50 денари по литар на 71,5 денари, а дизелот од 46 денари по литар на 63 денари и за сето ова лично е виновна владата, СДСМ и Зоран Заев. Ова треба да ги покрие непродуктивните трошења на СДСМ и целиот грабеж. Овој ценовен шок кој ни го приредуваат од власта ќе ги покачи сите давачки во превозниот сектор“, вели Арсовски.

Тој додава дека транспортерите ќе бараат реално покачување на картите за патниот превоз и зголемување на тарифите. Но, ќе се покачат и останатите давачки од транспортниот сектор.

Слично

Поврзани вести