Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на Трипуновски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на Трипуновски

Собранието вечерва, со 62 гласови против, 21 „за“ и ниту еден воздржан, ја отфрли интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Интерпелацијата ја поднесоа пратениците од СДСМ и Коалицијата за европска иднина поради, како што рекоа намалените субвенции, неисполнетите ветувања, падот на откупните цени, блокираните европски средства, корупција и друго. 

Владејачкото мнозинство ја квалификува интерпелацијата како беспредметна, неоснована и неиздржана, но и како политички маневар за дефокусирање на јавноста од вистинската одговорност за „пустошот, долговите и девастацијата што во земјоделството ги остави претходната власт на СДСМ, предводена од поранешниот министер Љупчо Николовски“.

Според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, министерот покажал како се работи одговорно, домаќински и транспарентно.

foto printskrin

Слично

Поврзани вести