Економија, финансии, бизнис

Контакт

Собранието на последниот ден го донесе буџетот

Собранието на последниот ден го донесе буџетот

Власта го обезбеди финансирањето на државните потреби за идната година.

Собранието го изгласа Буџетот за 2020 година со 65 гласа „за“. 

Буџетот за догодина е насочен кон инвестиции во човечкиот капитал, односно вложување во подобро здравство, образование и социјала, соопштија од Владата.

Пратениците почнаа со расправа во 13 часот, а по кратката пауза, продолжија до доцните попладневни часови.  

На последниот ден од расправата за државната каса за идната година, пратениците добија голема желба да се препукуваат и надмудруваат меѓу себе за тоа кој подобро или полошо направил за економијата.

Фрчеа реплики и контрареплики, кој повеќе придонел за индустријата, кој повеќе ја задолжил државата, кој го зголемил животниот стандард, и дали растот на пензите и палтите е или не е предизборна корупција. 

Денеска беше петтиот ден од расправата за буџетот на пленарна седница, а согласно собранискиот деловник, мора да биде и последниот, бидејќи толку се предвидени за дебата на пленарната сесија. 

Од досегшните дискусии можеше да се забележи дека опозицијата буџетот го третира како неразвоен и наменет за предизборно купување на граѓаните, а владејачките партии го бранат дека е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација, како и дека со зголемените плати и пензии со него ќе се инвестира во човечки капитал.

Буџетот за идната година е најгломазен досега и тежи 3,9 милијарди евра, додека на страната на приходите се очекува да се соберат 3,6 милијарди евра.

Слично

Поврзани вести